Велешанецот М. А., кој е пријавен за измами поврзани со продажба и аплицирање кубански вакцини за кои се тврди дека лекуваат рак, и претходно бил пријавуван за измама, овојпат преку невладина организација чиј претседател бил, јавува телевизија „Телма“.

Случајот се однесува на проект за изградба на парк за лица со попреченост во Охрид, наводно финансиран со европски пари, за кој изведувачите не добиле исплата.

Според информациите на Телма, пријавата за претходниот случај се однесувала на сума од околу 100.000 евра. Засега нема одговор од полицијата за тоа како завршила пријавата, ниту дали биле преземени дополнителни мерки.

– Тој уште пред неколку години, ова лице добило пријава за измама преку проект наводно финансиран со европски пари, преку невладина на лица со инвалидидтет од Велес. Проектот се реализирал во Охрид, за парк за лица со инвалидидтет, но изведувачите не добиле пари. Според информациите на Тв Телма тогаш се работело за измама од 100 илјади евра, но од полицијата нема одговори како завршила оваа пријава. Нема информации ниту пак дали има нови после написите на „Слободен печат“ дека тој е под истрага за тоа што продавал и аплицирал вакцини кои се од Куба, а наводно лекуваат рак. Десетици граѓани регираат дека во неизвесност за сопственото, но и здравјето на своите блиски го пронашле М.А од Велес и за суми кои се движат од 1.500 до 3.200 евра, па и нагоре ја купувале вакцината која најчесто не ја ни виделе а им ја вбризгувал самиот добавувач. После голем број неуспешни лекувања и смртни случаи стигнале првите пријави во полиција дека се измамени, јави телевизијата.

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека за случајот со кубанските вакцини дознал од медиумските извештаи, по објавувањето на истражувањето.

„Во однос на случајот со кубанските вакцини, не сум запознат надвор од медиумските извештаи, но морам да кажам дека во Министерството за здравство работиме на повеќе случаи за незаконска употреба на средства, измами и злоупотреби поврзани со тоа“, изјави Клековски.