Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што соопшти Јавното обвинителство, на 29 октомври, 30-годишна жена неовластено заради продажба држела наркотична дрога – марихуана во количина од 978,6 грама и хероин во количина од 0,31 грама. На тоа со умисла ја поттикнал второосомничениот – нејзиниот сопруг кој се наоѓал на издржување на казна затвор, а за да ја набави дрогата и помогнал третоосомничениот, ставајќи и на располагање средства за извршување на кривичното дело.
-Сопругот телефонски ја известил осомничената дека треба да оди во Скопје за од таму да ја преземе дрогата која потоа требало да му ја предаде нему во затворот. Таа го ангажирала третоосомничениот со неговото такси-возило да ја превезе. Во близина на Катланово, оштетената излегла од такси-возилото, па ја купила дрогата од непознато лице за сума од 1800 евра и се вратила во возилото каде му кажала на третоосомничениот дека ја набавила дрогата. Со автомобилот се упатиле кон Велес, но на наплатната станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола, ја пронашле и ја одзеле наркотичната дрога, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор против првоосомничената и третоосомничениот