Инструментите се сместени во музичката сала на училиштето.

-Со набавката на овие врвни пијана за кои долго време мечтаевме учениците добија можност да се надградуваат концертно. Пијаната се врвни и наменети за изведба на врвни концерти и музички натпревари. Со нив, велешкото музичко училиште сега е едно од ретките во земјава и во музичките училишта и концертни сали во Скопје кое поседува вакви врвни концертни пијана, на кои чекаше долги години, информира за МИА директорката на училиштето и професор по пијано Светлана Ташева.

Таа појасни дека во соработка со Пијано центарот во Скопје, тие биле предадени во употреба од сопственикот на фабриката „Feurich“, Ернест Битнер, којшто допатувал од Виена специјално за таа прилика.

Ташева информира дека кон крајот на ноември се одржал и краток онлајн концерт во изведба на учениците по пијано и останатите класи на инструменти од училиштето. Концертот е поставен на „Јутјуб“ каналот на ООМУ „Стефан Гајдов“ од Велес. Онлајн концертот воедно беше одржан и по повод јубилејот на училиштето.

Велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“ е прво отворено во земјава кое работи веднаш по војната во 1946 година, а годинава одбележа 75 години од успешното постоењето и работа.

Во ова училиште досега се едуцирале бројни генерации од кои некои потоа се усовршиле и станале  врвни музичари. Дел од најмладите врвни  велешки  музичари, но и некои повозрасни, и денеска настапуваат на европската и светската музичка сцена.