И покрај пандемијата, верниците синоќа ги посетија црквите и манастирите во Охрид, пренесува порталот Охрид Њуз.

Претходно Дебарско – кичевската епархија упати апел до верниците да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето и спречување на ширењето на коронавирусот Ковид 19.

Централната празнична богослужба во Охрид со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј се одржа на Плаошник.

Велигден во Охрид го дочекаа и голем број гости од земјава и соседството.

Согласно одлуката на Владата вечерва нема полициски час, а на сила се останатите мерки за заштита од вирусот Ковид-19.