Велика Британија денеска официјално ја прогласи руската платеничка група Вагнер за терористичка организација.
„Одлуката, што беше објавена минатата недела, стапува на сила веднаш“, соопшти британската влада.
Тоа значи дека отсега секоја активна поддршка на Вагнер групата во Велика Британија ќе се смета за кривично дело казниво до 14 години затвор.