Понатамошните летови за време на викендот ќе вратат дома британски војници и дипломати, иако тие би можеле да пренесат некои преостанати цивили од Велика Британија или Авганистан, објави во саботата Асошиејтед прес.
Лори Бристоу, амбасадорка на Велика Британија во Авганистан, истакна дека тие ги немаат заборавено луѓето кои допрва треба да си заминат.
Во видеото објавено на Твитер од аеродромот во Кабул, Бристоу напиша: „Продолжуваме да правиме се што можеме за да им помогнеме. Ниту сме ги заборавиле храбрите, пристојни луѓе во Авганистан. Тие заслужуваат да живеат во мир и безбедност“.
Според извештаите, има стотици луѓе кои имаат право да побегнат од Авганистан во Обединетото Кралство.
Најголема тешкотија во моментов е патот до аеродромот во Кабул, каде пред два дена имаше три експлозии при што загинаа 200 лица, па затоа голем број на лица кои треба да се евакуираат се двоумат.