Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, популарни меѓу младите поради нивните овошни вкусови, но кои ги загрижуваат лекарите и здравствените власти, соопшти денеска владата во Лондон.

Забраната е дел од поширокиот план за борба против пушењето кој минатата есен го објави британскиот премиер Риши Сунак.

– Еден од најзагрижувачките трендови во моментов е порастот на употребата на електронски цигари кај младите и затоа треба да дејствуваме пред таа да стане ендемична, нагласи Сунак.

Според официјалните бројки, меѓу младите од 11 до 17 години, употребата на електронски цигари за еднократна употреба за две години е зголемена за девет пати.