Експертите велат дека вакцината на Pfizer/BioNTech треба да се користи како бустер доза за повеќе од 30 милиони луѓе и дека сигурно ќе може да се дава со вообичаената вакцина против зимски грип.
Сите луѓе со ослабен имунитет и сите на возраст од 16 и 65 години, кои се во ризични категории за КОВИД-19, исто така имаат право на дополнителна вакцина. Одобрени се три вакцини како безбедни и ефикасни како дополнителни, а тоа се вакцините на AstraZenecа, Pfizer и Modernа. Меѓутоа, експертите го избраа Pfizer затоа истражувањата покажаа дека добро се поднесува и дека делува како засилувач на имунитетот.
Вакцината на Pfizer може да биде трета доза за оние кои претходно примиле две дози од вакцината на AstraZeneca. Ако биде потребно, вакцината на Modernа може да се употреби како алтернатива за засилувач на имунитетот, но половина доза. Луѓето треба да ја примат третата доза најмалку 6 месеци после втората доза.