Санкциите против руските олигарси, банки и компании би можеле да бидат укинати доколку рускиот претседател ги повлече своите сили од Украина и вети дека повеќе нема да напаѓа, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
– Санкциите би можеле да бидат укинати само по целосен прекин на огнот и повлекување, но и со обврска да нема повторени агресии, рече Трас. „И секако, можеме веднаш да ги вратиме санкциите, во спротивно.
Додека руските сили се борат во Украина, нејзината изјава може да биде можен поттик за Владимир Путин да ги намали загубите и да се согласи на договор со Украина, пренесува Хина.
Во интервју за Сандеј Телеграф, Трас рече дека е формирана „преговарачка единица“ во Форин Офисот за да помогне во можните мировни преговори.
По еден месец војна, Москва посочи дека може да ги намали своите амбиции во Украина и да се бори само за контрола на Домбас.