Велика Британија одобри  нов заем во висина од 2,6 милијарди фунти за Украина. Ова е договорено по средбата помеѓу британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Целта на заемот е да се зајакнат одбранбените капацитети на Украина во контекст на продолжената војна со Русија.

Европски лидери застануваат зад Зеленски по прекинатата средба со Трамп

Средбата меѓу Стармер и Зеленски беше одржана во пресрет на важен собир на европските лидери. Состанокот ќе се одржи утре во Лондон. Главна тема на овој состанок ќе бидат безбедносните гаранции за Украина и мирниот процес.

Ќе присуствуваат и лидерите од Франција, Германија, Данска, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија, Турција, Финска, Шведска, Чешка и Романија. На состанокот ќе бидат и претседателите на Европскиот совет и Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.

По средбата, Стармер и Зеленски ја истакнаа важноста на заедничките напори за обезбедување на „траен и применлив“ мир за Украина, кој ќе биде централна тема на утрешниот самит и следните европски разговори за мировниот процес.

Оваа нова економска и воена помош од Обединетото Кралство претставува важен чекор во поддршката на Украина во нејзината борба против агресијата на Русија.

Извор: Канал 5