– Велика Британија секогаш ќе биде тука за Индија кога ѝ биде потребно, се вели во соопштението на британскиот премиер Борис Џонсон, кој поради пандемијата во таа земја мораше да го откаже патувањето во Индија.

Борис Џонсон треба да разговара со индискиот колега Нарендра Моди во вторник, со цел да ја „продлабочи соработката меѓу двете земји, особено во борбата против пандемијата на коронавирусот“, објави Даунинг стрит.

– Важно е внимателно да ги слушаме индиските власти и да видиме што треба да им испратиме, што им треба и што сакаат, изјави за Скај њуз британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб, кој неодамна разговараше со неговиот индиски колега Субрахнјајам Јаишанкар.

Тие ќе се сретнат во понеделник на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Лондон.

Првата пратка со кислород и респиратори од Велика Британија пристигна во Индија во вторникот, а втората, слична, е треба да пристигне во петок.