-Животот ни приредува најразновидни искушенија и не става во секакви ситуации. Ние немаме друг избор освен достоинствено да го издржиме товарот на накалемената неправда и да и помогнеме на светлината да го види светлото на денот.
Тој вели дека не може да им објасни на неговите најблиски како се случи по девет години водење на Собранието да се случи да би биде обвинет за тероризам.
-Во однос на обвинението дека сме изготвиле план да го загрозиме уставниот поредок, ве уверувам дека ни немав никаков план туку цело време бев посветен да се заврши конститутивната седница. Со Владимир Атанасовски сум немал никакви контакти а со Јанакиески имав контакти додека беше министер за транспорт и врски. Во прилог ќе го додадам и сведочето на Зоран Заев кој рече дека како човек кој бил жртва не мисли дека Вељаноски, Јанакиески и Ристовски се осмислувачи и организатори на настаните од 27 април. Обнителството со ништо не докажа дека имало план ниту пак дека јас сум учествувал во некаков наводен план, посочи Вељаноски.