Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски во Фејсбук статус вели дека е повеќе од јасно дека следната година ќе имаме параментарни и претседателски избори но оти немаме закон за вонредна состојба.
Според него,не ги научивме лекциите од 2020 година кога Претседателот на РМ воведе вонредна состојба, во услови кога Собранието беше распуштено, а немавме закон за вонредна состојба во кој е прецизирани уставните обврски на институциите и се пополнети правните празнини во непредвидени ситуации.
Тогаш сите политички фактори тоа го сметаа за најголем недостаток и си земаа за задача во новиот парламентарен и владин состав тоа прашање под итно да го решат за да има јасна законска процедура за идни случаи-потсетува Вељаноски.