Велјановски на прес-конференција вели дека падна првиот ДУП во Карпош, а тој го повикува претседателот на Совет од Левица да ја почитува волјата на народот да ја потпише одлуката и да ја достави до Јакимовски, бидејќи како што вели карпошани се против бетонизација.
На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош, по неуспешниот обид за повлекување на сите точки од Дневниот ред на седницата и враќање на истите од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, падна првиот ДУП во Општина Карпош.
Денес сме пред Општина Карпош за да го потсетиме претседателот на Советот г-динот Бранко Ристов, советник од Левица, дека од денес тече законскиот рок од 3 дена за потпишување на одлуките кои ги донесовме на вчерашната седница. Господинот Ристов, како претседател на Советот на Општина Карпош, има законска обврска да ги достави материјалите до градоначалникот со што ќе се испочитува волјата на избраните претставници на карпошани. Доколку не го направи тоа ќе сметаме дека се работи за намерно саботирање на волјата на избраниците на народот, груба манипулација во насока на поддршка на градежната мафија. Деновиве заедно со загрижените граѓани будно ќе ја следиме ситуацијата се до објавување на сите одлуки усвоени на вчерашната седница на Советот на Општина Карпош во Службен гласник на Општина Карпош.
Господине Ристов, доколку се обидете заедно со г-динот Јакимовски да ја заобиколите волјата на граѓаните да Ве потсетиме дека вчера повеќе од 100 луѓе изразија негодување. Утре ќе бидат 1.000, а задутре ќе бидат 10.000 кои ќе ве спречат во намерите да ја изиграте волјата на карпошани против бетонизацијата на Карпош.