На 29.10.2021 во 19,30 часот било пријавено дека на ул.„6“ во с.Стајковци–скопско, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.И.(47) од с.Батинци удрило во велосипед управуван од Д.К.(71) од с.Стајковци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.