Свечени венчавки во центарот на Скопје четири дена неделно

Од 1-ви јуни 2025 година, граѓаните ќе можат да се венчаат во препознатливиот објект „Порта Македонија“. Управата за водење на матични книги попладнево објави дека е постигнат меѓуинституционален договор. Со тој договор  свечената сала во објектот ќе се користи за граѓански венчавки.

Според договорот, Управата добива право да ја користи просторијата секој четврток, петок, сабота и недела, во терминот од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки.

Амбиент – Порта Македонија достоен за спомени

Од Управата нагласуваат дека ова претставува „значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните“, нудејќи достоинствен и незаборавен амбиент за реализација на брачниот чин, во срцето на Скопје.

Важност и времетраење на договорот

Договорот важи до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување по взаемна согласност на страните. Соработката има за цел да обезбеди долгорочна алтернатива за венчавки на симболична и атрактивна локација.

Извор: Курир