Се уште нема конкретна информација за можноста да се набави вакцината „спутник“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
-Заклучно со денеска имаме 200.000 вакцини „фајзер“ со различен рок. Има доволно вакцини, најавени се и донации од европските земји, потенцира министерот.
Според него, нема конкретна информација кога ќе стигнат најавените 250.000 вакцини на „џонсон и џонсон“ од Данска.
-Беа најавени во два наврата – еднаш како информација и можност која ја прифативме и пред неколку недели со дефинитивна потврда дека може да се наменат за нашата земја. Рокот на тие вакцини е до 2023 година, но конкретен датум се уште не ни е јавен, рече Филипче.
Во врска со лекот на „фајзер“, истакна дека се уште е во фаза на клиничка студија и затоа засега нема да се набавува.