Американско-ирански разговори утре со посредство на Оман

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави за „Фокс њуз“ дека претседателот Доналд Трамп и понатаму ја преферира дипломатската опција со Иран. Венс додаде дека Трамп се надева дека Иранците сериозно ќе ги сфатат утрешните преговори.

„Претседателот беше кристално јасен, колку што можеше да биде, дека Иран не може да има нуклеарно оружје … Ќе се обиде тоа да го постигне по дипломатски пат,“ посочи Венс.

Утре во Женева е планирана нова рунда американско-ирански преговори за нуклеарната програма на Техеран, соопшти Министерството за надворешни работи на Оман. Претходната рунда, исто така, се одржа во Женева на 17 февруари, со посредство на Оман.

Трамп повеќе пати предупреди дека ќе употреби воена сила доколку дипломатското решение не донесе резултати.