Новинарот од телевизија Телма, Павле Беловски, кој во вестите на Телма во живо исвестуваше за пристигнувањето Бранко Хорватин во Судскиот совет беше вербално нападнат од како што тој рече госпоѓа.

Беловски видно вознемирен го прекина јавувањето во живо за да возврати на вербалните напади, тој кажа дека за ова ќе биде известен и претседателот на Судскиот совет.

Ова е само уште еден од серијата напади врз новинарите и попречување на вршење на нивната должност, пред неколку дена новинарката на Алфа, Анастасија Илиевска, беше избркана додека правеше интервју со родители на мало девојче кое е дијабетичар.