Од украинското раководство денеска соопштија дека повеќе од 1.000 украински војници, од кои многумина се ранети, се уште се наоѓаат останати во подрумите и скривниците на огромната фабрика за челик Азовстал во пристанишниот град Мариупол, што е под руска контрола.

-Повеќе од 1.000 украински војници остануваат во фабриката, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

-Стотици се повредени. Има луѓе со тешки повреди на кои им е потребна итна евакуација. Со секој изминат ден ситуацијата се влошува, додаде украинската вицепремиерка.