На денешната собраниската седница беа верификувани пратеничките мандати на Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева, како и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на Фериде Хаџиу и Каљтрина Беќири од коалицијата Вреди.
Новите пратеници доаѓаат на местата на Мицкоски и на министрите Гордана Димитриеска Кочоска, Љупчо Димоски, Изет Меџити, Владо Мисајловски, Иван Стоиљковиќ, Александар Николоски и на Фатмир Лимани.