Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет само ги потврди сомневањата за длабоко партизираното судство во Македонија.
Кога само помисливме дека по изборот на Ислам Абази власта нема да си дозволи уште еден резил, се случи случајот „Дамева“. Таа без противкандидат беше избрана на местот на Павлина Црвенковска која се пожали на притисоци.
Што да се каже за Дамева? Како што Абази имаше слики со ДУИ така таа гордо позира со Заев и друштвото.
И наместо да се извини таа вели дека фотографијата со поранешниот премиер вели дека тоа не може да даде впечаток дека е дел од лицата што се присутни на таа фотографијата.
Таа фотографија не може да даде впечаток дека сум дел од лицата што се присутни на фотографијата-изјави Дамева.
За тоа која е Дамева пред три години откри еден од најголемите познавачи за случувањата во судството а тоа е новинарот Саше Димовски. Тој во 2019 година во емисијата „Заспиј ако можеш“ кажа дека Весна Дамева од Основниот суд е назначена за член на Судскиот совет на предлог на претседателот Стево Пендаровски.
Уште поскандалозен е вториот предлог, стручна соработничка од Основниот суд Скопје 1 да стане член на Судскиот совет. Тоа е телото кое треба да ги оцени судиите од Основен до Врховен суд. Стручна соработничка, па нека е најстручна на овој свет, која не облекла тога, која не влегла во судница, која не донела ниедна пресуда, треба да ги цени судиите во Основен, Апелационен и Врховен суд. Кажете ми во која бранша приправник треба да им биде шеф на примариуси, на доктори, на не знам што, на највисоките титули, истакна Димовски пред три години.