СДСМ остави девастирана држава и без одговори за јавните средства

Пратеникот Миле Лефков оцени дека СДСМ оставила девастирана држава, без исплатени плати и без покачени пензии, како и без јавна дебата за трошењето на средствата. Тој истакна дека, наместо одговорност и истраги за можен криминал, се појавуваат најави за граѓански тужби и реторика поврзана со финансиски ветувања.

Лефков во НАТКАСТ посочи дека, според него, ваквиот пристап претставува начин на комуникација со јавноста и обид за политичко позиционирање пред избори. Воедно, нагласи дека јавноста веќе ги препознава ваквите ветувања и дека тие повеќе не носат резултати.

„Тоа се алатките преку кои СДСМ смета дека може да се обрати пред јавноста и евентуално да настапи на избори. Сепак, тие не успеваат да ги прифатат пораките што доаѓаат од граѓаните. Сè повеќе ваквите празни ветувања не поминуваат и јавноста ги препознава како веќе позната приказна. Жал ми е што синдикатот, наместо да се насочи кон работодавачите, што е еден од темелите на синдикалното организирање, се насочува кон државата и со тоа се искривува целата слика“, изјави Лефков во НАТКАСТ.

Лефков за ветувањата во евра и односот кон синдикатите

Дополнително, Лефков посочи дека прашањето за исплата на платите во приватниот сектор не е во надлежност на Собранието ниту на Владата. Тој нагласи дека повторно се користат финансиски ветувања што создаваат тензии и конфликти во јавноста.

Во продолжение, истакна дека институциите, според него, остануваат на страна на синдикалните барања, но предупреди дека одредени активности ги смета за политички маркетинг.

„Повторно се оди со ветување кое се изразува во евра и повторно се создава ситуација со неоправдан антагонизам. Владата и Собранието секогаш стоеле и продолжуваат да стојат на страна на синдикатите. Меѓутоа, тоа што го прави Трендафилов претставува политички маркетинг и политички циркуз, бидејќи не е поврзано со Владата“, порача тој.