Вежбата „Супермен“ нуди многу придобивки за задниот дел на телото и игра клучна улога во спречувањето од повреди и болки.
Според стручњаците и познавачите, изведувањето на вежбата вклучува легнување на подот со испружени раце над главата, потоа наизменично кревање на нозете и рацете – поза што изгледа како да летате како познатиот суперхерој… За правилно извршување на вежбата „Супермен“, се вклучуваат грбот, задникот и јадрото на телото. Соодветно на тоа, се зајакнуваат делови на задниот дел од самото тело.
Редовното вакво вежбање може да спречи повреди и болки во долниот дел на грбот. Вежбата, исто така, може да помогне и во стоењето исправено, ја подобрува подвижноста на дијафрагмата, а со тоа – и дишењето.
Без разлика дали е почетник кој сака да ја усоврши својата форма или комплетен професионалец кој сака да оди на следното ниво, човек може и соодветно да си ја прилагоди и подобри вежбата.