Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, стана управител на новоформирана компанија за производство на електрична енергија регистрирана изминатиот период – Солар Грин Енерџи, пишува Фактор.мк

Како што пренесува порталот, претпријатието е со адреса на улица Гоце Делчев во Струмица, а сопственик е Панче Заев, таткото на Вице Заев и на поранешниот премиер. Паричниот влог е 5.000 евра, а дејноста е „производство на електрична енергија“.

Не е познато кои извори за производство на електрична енергија ќе ги користат таткото и братот на Зоран Заев. Поранешниот премиер досега единствено има потврдено дека Тотал Енерџи, фирмата чиј сопственик е неговиот 18-годишен син Душко Заев ќе продава струја произведена од фотонапонски панели.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.мк