Четиридневната посета на Израел, вицепремиерот Битиќи и директорот Петров ќе ја започнат денеска, со средба со министерот за земјоделство и рурален развој, Одед Форер.
Битиќи и Петров во Израел ќе посетат неколку универзитети и акцелератори за поддршка на старт-ап компании, посета на MASHAV и средба со директорот на оваа развојна Агенција, амбасадорот Ејнат Шлејн, состанок и презентирање на можности за инвестирање во Македонија пред претставниците на водечките инвестициски фондови и стопанственици, а ќе остварат и средби со други претставници на политичкиот живот и бизнис секторот во Израел.