По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ упати честитка, нагласувајќи ја важноста на овој ден за зачувување на културните и јазичните вредности на албанската заедница во Северна Македонија.
Потсетник за заедништво и соживот
„Овој ден е потсетник за богатството на различностите и за важноста на зачувувањето на јазичните и културните вредности на сите етнички заедници кои живеат во земјава. Потсетник дека РС Македонија и понатаму, и покрај фактот што живееме во едно комплексно време, останува пример за заедништво, почитување и заемно разбирање меѓу граѓаните,“ стои во честитката.
Стоилковиќ истакна дека чествувањето на Денот на албанската азбука е уште една потврда за посветеноста кон негување на соживотот во мултиетничкото и мултијазичното општество.
Јазикот како алатка за обединување и напредок
„Јазикот е моќна алатка и идентитет на еден народ. Тој е сеопштиот сврзен елемент на сите човечки култури. Алатка која обединува и овозможува напредок, но во исто време и потсетник дека и покрај разликите делиме иста судбина и мораме да градиме заедничка иднина,“ додаде тој.
Честитка до албанската заедница за денот на албанската збука
Во својата порака, Стоилковиќ им го честиташе Денот на албанската азбука на сите припадници на албанската заедница во земјата, повикувајќи на продолжување на соживотот и почитувањето меѓу сите етнички заедници.
22 Ноември – Симбол на јазичната и културната важност
Денот на албанската азбука се одбележува во чест на Конгресот одржан во Битола во 1908 година, каде што беше стандардизирана албанската азбука, значајно достигнување за јазичниот и културниот развој на албанскиот народ.