Аеродромот во Истанбул е преполн со стотици волонтери, спасувачи и членови на невладини организации од 65 земји во светот, кои се приклучија на напорите за помош во јужна Турција, да се најдат преживеани под урнатините, и да се помогне со повредените, чиј број надмина 23.000.

Многу влади побрзаа да испратат помош, персонал и опрема за да помогнат во спасувачките напори во погодените области на Турција и Сирија.

Европската унија мобилизираше тимови за пребарување и спасување за да и помогне на Турција, а најмалку 13 земји-членки понудија помош.

Соединетите Држави ја координираат итна помош за Турција, членка на НАТО, вклучително и тимови за поддршка на напорите за пребарување и спасување. Во Калифорнија, речиси 100 пожарникари и градежни инженери од округот Лос Анџелес, заедно со специјално обучени кучиња, беа испратени во Турција.

Во погодената област во Турција поставени се над 41. 000 семејни шатори, заедно со кујнски прибори, како и 300.000 ќебиња. Во земјата се пристигнати 2.660 луѓе од 65 земји кои веќе се распределени во спасувачката операција. Заедно со турските спасувачи се 13.740 луѓе. Ангажирани се над 600-тини кранови и 360 возила за да ги расчистуваат урнатините во обид да се најде преживеани.

Македонија испраќа 40 обучени и опремени спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување кои утринва тргнуваат кон Турција. Тие ќе бидат комплетно опремени со средства за пребарување, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Видеото е превземено од ТЕЛМА ТВ