Во собраниски кабинет каде се гледа чад од цигари Ахмети и Груби го овековечија моментот за новата функција на Талат Џафери.

Гласањето на техничката влада каде за првпат во историјата на Македонија премиер е Албанец е причината поради која Али Ахмети е видно расположен, а тоа го докажа и пеејќи песна во својот собраниски кабинет.

Неговиот соработник Артан Груби кој во новата влада ќе биде министер за политички систем објави видео на својот Фејсбук профил.

„Многу емоции, пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани“, напиша Груби во описот на видеото.

Пред само 20-ина дена, Ахмети исто така пееше во Собранието кога го прослави својот 65-ти роденден.

(ВИДЕО) Ахмети со песна го прослави роденденот во кабинетот на Груби