Дали Филипче заедно со Заев поседувал акции во индиска авиокомпанија?

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска повторно упати прашања до поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи го за молк околу сериозни сомнежи поврзани со корупција и злоупотреба на средства.

„Продолжува молкот на Филипче во делот на одговор на нашите прашања за потеклото на златната виза и пресудата на модуларната болница“, изјави Манасиевски.

Тој го повика Филипче да одговори на прашањата кои, како што рече, се од јавен интерес:

-Дали Филипче заедно со Заев поседувал акции во индиска авиокомпанија, а придобивките од истите ги вложиле во градење на висококатница во Дубаи?

– Дали Филипче од овие акции кои ги поседувал, каде што се поставува и прашањето од каде му нему пари за купување на толку скапи акции, има добиено милионски суми во евра?

Манасиевски посочи дека Филипче досега не одговорил ниту за потеклото на т.н. „златна виза“, ниту дали е задоволен од пресудата поврзана со трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово.

– Филипче најверојатно и на денешното поставено прашање ќе продолжи да молчи и да не одговара, но сепак јавноста заслужува одговори – изјави Манасиевски.

Тој додаде дека, доколку молкот продолжи, тоа само ќе ги зацврсти сомнежите и тезите кои ги пласира опозицијата:

– Доколку Филипче продолжи да молчи, дали тоа значи дека се потврдуваат нашите тези? Филипче да престане да молчи и да излезе во јавноста и да даде одговори – повика Манасиевски.

Од страна на Филипче засега нема реакција или одговор на овие обвинувања.

Извор: Skopje1