„АКО ДОЈДЕ ПОЛИЦИЈА ЌЕ ЈА ТЕПАМЕ ОВДЕКА“: Ромите излегоа на протест, се упатија закани кон МВР
Ромите од повеќе градови синоќа излегоа на протести. Еден од протестите е од блокираниот пат Битола – Ресен во знак на протест поради измените во Законот за прекршоци. Протестите се против одземените нерегистрирани возила, а граѓаните од ромската заедница бараат да добијат возачки без да полагаат – велат дека биле во тешка материјална состојба.
Протестите ескалираа, а се упатуваа и закани кон МВР и министерот Тошковски. Ромите го блокираа патот палејќи отпад, гуми и дрва.
(ВИДЕО) „КОЛА ОД 5.000 ЕВРА МИ ЗЕМАВТЕ“: Граѓани палат ѓубре, блокиран патот Битола-Ресен
Насобраните скандираа „Правда бараме“, а дел од нив велат дека неправедно им биле одземени возила.
