Од здружената иницијатива велат дека ова не е првпат автомобил да биде паркиран врз вело-лента.
– Не ни е првпат да налетаме на автомобил паркиран врз вело-лента, кој ја загрозува безбедноста и го попречува патот на велосипедистите. Од Зелен хуман град, решивме да им покажеме на надлежните инстуции како треба да се раководи со овој проблем во една хипотетичка ситуација.
Се надеваме дека место ние да ги земаме овие работи во наши раце (буквално), тие ќе бидат одговорни во вршење на нивната должност. Башка, и пајак имаат, не мора вака рачно автомобили да преместуваат“, велат активистите од „Зелен хуман град“ во хит видеото кое се појави на социјалните мрежи.
Во продолжение може да го погледнете видеото.