Две лица се убиени во Брисел синоќа, а според белгиските медиуми се појави и снимка од пукањето.
Белгискиот HLN јавува дека, според сведоштвата, напаѓачот извикал „Алах акбар“.
Весникот Судинфо наведува дека еден од напаѓачите во престрелката во Брисел извикал „Алах акбар“ и од скутер спукал со оружје слично на калашников. Носелк кацига и флуоресцентен елек. Двете жртви носеле дресови со шведски бои, веројатно во врска со фудбалскиот натпревар на „црвените ѓаволи“ во Брисел синоќа против Шведска.
Во престрелката загинаа две лица, а напаѓачот е во бегство. Медиумите јавуваат дека на социјалните мрежи кружи и видео на кое маж, за кој се претпоставува дека е напаѓачот, на арапски вели дека сака да се одмазди за смртта на муслиманите и затоа застрелал тројца Швеѓани.
Во него, како што пишува порталот „Судинфо“, напаѓачот вели дека е припадник на ИД (Исламска држава) и се фали дека убивал неверници.