САД и партнерите одговорија на иранските напади
По почетниот бран американски и партнерски напади, силите на CENTCOM соопштија дека успешно се одбраниле од стотици ирански ракети и беспилотни летала. Во соопштението се наведува дека нема пријавени американски жртви или повредени во борбени дејствија. Штетата врз американските објекти е оценета како минимална и без влијание врз тековните операции.
Америка објави снимки од операцијата „Епски бес“
Нападите биле изведени во рамки на операцијата што Пентагон ја нарече „Епски гнев“, при што била употребена прецизна муниција лансирана од воздух, копно и море, како и единечни беспилотни летала за напад. Израелската страна, пак, својата акција ја именува како „Лавовски рик“.
NEW: CENTCOM releases footage of Operation Epic Fury. pic.twitter.com/ki4fF0o7do
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
САД и Израел утрово извршија напади врз Иран, при што најмалку три експлозии одекнале во Техеран, а погодени биле и повеќе други ирански градови. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта на нападот е отстранување на безбедносната закана за САД и отворање можност за промени во Иран. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуван одговор со беспилотни летала и балистички ракети.
Најголема воздушна операција на Израел
Околу 200 израелски борбени авиони учествувале во, како што беше оценето, најголемата операција во историјата на израелските воздухопловни сили. Според портпаролот на израелската војска, нападнати биле ракетни и противвоздушни системи во западен и централен Иран.
Операцијата ја координирале военото разузнавање и воздухопловните сили, а врз речиси 500 цели биле исфрлени стотици парчиња муниција, вклучително и врз ракетни лансери. Целта, како што беше појаснето, била проширување на израелската воздушна супериорност и оштетување на клучните офанзивни капацитети, меѓу кои и позиции за лансирање на западот од земјата. Меѓу погодените локации се споменува и областа Табриз, од каде, според израелските власти, била подготвувана ракетна единица за напад врз Израел.
Иран возврати со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска, а пријавени се и напади врз американски воени локации во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Катар. Погледнете повеќе ТУКА.
