Американската војска спроведе повеќе воздушни напади во Сирија во текот на ноќта, насочени кон милитантната група Исламска држава
Американската војска спроведе повеќе воздушни напади во Сирија во текот на ноќта, насочени кон милитантната група Исламска држава (ИСИС), соопшти Централната команда на САД.
Во соопштението не се наведува дали некој е убиен во нападите.
Неименуван американски функционер изјави за CNN дека во операцијата спроведена во саботата биле погодени повеќе од 35 цели, користејќи повеќе од дваесетина авиони.
„Денес, силите на Централната команда на САД (CENTCOM), заедно со партнерските сили, спроведоа големи воздушни напади против повеќе цели на ИСИС низ Сирија“, соопшти Централната команда на САД на мрежата X.
Во соопштението се вели дека нападите биле дел од операцијата „Hawkeye Strike“, која беше започната на 19 декември по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, како директен одговор на смртоносниот напад на Исламска држава врз американските и сириските сили во Палмира, Сирија, на 13 декември.
„Заседата, извршена од терорист на ИСИС, резултираше со трагична смрт на двајца американски војници и еден американски преведувач“, се потсетува во соопштението.
Се нагласува дека пораката на американската војска останува: „Ако им наштетите на нашите војници, ќе ве најдеме и ќе ве убиеме насекаде во светот, без разлика колку се обидувате да ја избегнете правдата“.
Најновите напади беа извршени откако специјалниот претставник на САД за Сирија, Том Барак, изјави дека се сретнал во Дамаск со новото сириско раководство за да разговара за иднината на земјата.
Барак нагласи дека разговорите се фокусирале на неодамнешните настани во Алепо и транзицијата во Сирија.
Тој изјави дека САД ги поддржуваат сегашните сириски власти предводени од претседателот Ахмед ал-Шара.
U.S. Central Command says U.S. and partner forces have carried out strikes against ISIS targets in Syria as part of ongoing operations to degrade the group’s capabilities in the region.
Follow @BlackpillHQ pic.twitter.com/tYqmbt3MkD
— Blackpill (@BlackpillHQ) January 10, 2026
