Арсенал лесно и рутински се справи со градскиот ривал Фулам на денешниот меч во Премиер лигата каде издвојува победа од 3-0, победа со која ја врати позитивата од пет бода во однос на второпласираниот Манчестер Сити.
Постоеше дилема како „топчиите“ ќе одговорат на ова гостување со оглед на тоа што пред неколку денови имаа и европски предизвик (против Спортинг Лисабон во ЛЕ), но избраниците на Артета покажаа зошто се лидери на табелата и со фуриозно прво полувреме дојдоа до 21. сезонско славје.
Тросар беше автор на хет-трик асистенции, првата дојде во 21 минута кога го проигра дефанзивецот Габриел. Само неколку минути подоцна (26) му намести топка на Мартинели, додека во судиското продолжение имаше успешна соработка со Одегард.
Манчестер Јунајтед не го потврди статусот на фаворит против Саутемптон и одигра без погодоци. Ова беше средба во која Касемиро беше исклучен во 34 минута, а тоа промени многу работи на теренот. Овој директен црвен картон на Бразилецот ќе му донесе казна од четири натпревари што секако е удар за „црвените ѓаволи“.
Во вториот дел имаше шанси на двете страни, три пат тресеа рамките на головите на двете екипа, меѓутоа не дојде до промена на резултатот.
На последниот дуел Вест Хем и Астон Вила ги поделија бодовите играјќи 1-1.