Утрово во емисијата „Утринско еспресо на Радио Лидер“ гостуваше професорот Самоил Малчевски со којшто ја дискутирамве анкета на ИПИС.

АНКЕТА НА ИПИС: За ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни избори ќе гласаат 26%, за СДСМ 9,8% – Мицкоски со најголема доверба меѓу политичарите

Гостинот констатираше дека во опозицијата гледаме сериозен проблем.

Гледаме едно огромно незадоволство од новото раководство на СДСМ. Од една страна имаме продор на луѓе кои претходно значеле во СДСМ како Петре Шилегов, Игор Ивановски, Андреј Петров кои нешто се организира. Но, она што е интересен феномен на оваа анкета не е ни Заев, ни Црвенковски, ни Шекеринска, туку е Стево Пендаровски, рече новинарот Златев.

Стево Пендаровски без партија зад себе има една четвртина од рејтингот на Венко Филипче.

Самиот рејтинг да стои партија зад себе ќе имате околу 5 отсто рејтинг, рече Самоил Малчевски.

Златев вели дека ова значи дека Стево Пендаровски како лидер на СДСМ со тие 5 отсто што му ги дава СДСМ и неговиот личен рејтинг може да го надмине и Али Ахмети и да стане втор лидер по ред во Македонија.

Веројатно Стево Пендаровски како лидер на СДСМ би дал додадена вредност на биолошкиот минимум од 150.000 гласови

За тоа треба да се направат подетални истражувања, но ако се спореди со Бранко Црвенковски кој се појави со 2,5 отсто рејтинг пред избори сега го нема на анкети. Стево Пендаровски можеби влече негативности кај дел од гласачите, но сепак тој со раководство кое би било исчистено би можел да има додадена вредност, заклучи Малчевски за рејтингот на Пендаровски.

Погледнете ја целата емисија: