Антипедофилската организација „Пантер“, препознатлива во регионот по борбата против сексуална експлоатација на деца, ја интензивира својата активност и на територијата на Македонија. Ново објавено видео покажува уште една успешно изведена акција, во која се намамени двајца мажи осомничени за педофилија.
Методологијата на „Пантер“ вклучува користење лажни онлајн профили преку кои се комуницира со потенцијални сторители. Следниот чекор е директно соочување со предаторот и изнудување признание. Целта на организацијата е преку јавно разобличување на осомничените да ја подигне јавната свест за опасноста од сексуални предатори, но и да ги одврати идните сторители.
Во видеото, осомничените се прикажани на јавен простор, каде членови на организацијата ги соочуваат со комуникациите и нивните намери. Иако не е познато дали во случајот е инволвирана полицијата. По принципот на дејствување на организацијата на Балканот, пантери ги приајвуваат педофили во полиција.
Антипедофилската организација „Пантер“ досега дејствуваше на територијата на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Активистите најавуваат континуитет на нивната мисија во Македонија со уште поголем фокус на спречување и разобличување на педофилија.
View this post on Instagram