Утрово гостин на емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ беше гостин пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски со кого се зборуваше на актуелните политички теми. Пред се, акцент се стави на тековната прослава на роденденот на гробот на Гоце Делчев, барикадите и целата непотребна тензија, а според пратеникот тоа се должи на понижувачката надворешна политика на Владата предводена од Ковачевски, а и претходно од Заев.
Милошоски зборуваше за тоа од каде се создаде толкава фама за целиот овој настан, а заедно со новинарот и водител на оваа емисија Љупчо Златев се осврнаа дека една од причините за ескалација беше и ноќната стража која ја најави политичката партија Левица. Како што вели Милошоски, Левица стигна од ноќна стража до стража на плажа.
– Тоа е политика на краткорочни спинови. Нивното однесување стигна од ноќна стража до стража на плажа и според мене не е сериозно за еден таков великан да се прават отстапки и да се отсуствува од самиот чин. Претпоставувам дека дел од раководството на Левица не сака да влегува во конфронтација со актуелната власт која беше досега најтензичната организација на ваков настан. вели Милошоски.
Тој претпоставува дека Левица била отсустна од овој настан заради актуелната власт. Според пратеникот, проблемите на овој настан се уште од многу порано и за истите најголема вина имаат политички чинители како Ангел Џамбаски, Каракачанов или останати политичари.