Словенија и Хрватска се борат со огромните поплави предизвикани од невиденото невреме кое зафати голем дел од Европа.
Колку сме немоќни пред природата покажува и видео од безбедносните камери на загрепскиот фудбалски нисколигаш, чиј стадион настрада при невремето.
ФК Блато Загреб на својот Фејсбук објави видео на кое можеме да видиме како реката Сава се излеала и за три минути го проголтала нивното фудбалско игралиште.
Нивното игралиште е на лоша местоположба, бидејќи се наоѓа веднаш до товарниот канал Сава-Одра, кој не се користи повеќе од 10 години, но поради високиот водостој повторно е во функција.
Споменатиот канал кај населбата Јанкомир досега бил во функција само седум пати: двапати во 1979 година, потоа во 1980, 1990, 1998, 2010 и 2012 година, наведува Телеграф.