Финската полицијата приведе 55 лица за време на протестот против ограничувањата воведени поради ковид и поскапувањето на бензинот, што се одржа пред зградата на финскиот парламент во текот на ноќта кон петокот и саботата, соопшти градската полициска управа.
Неколку стотици луѓе учествуваа на собирот наречен Конвој Финска 2022. „Луѓето кои излегоа на булеварот Манерхајм во петокот навечер го блокираа сообраќајот“, се вели во полицискиот извештај. Поради тоа, имаше значителни потешкотии во сообраќајот. Доцна вечерта полицијата почна да го расчистува булеварот од автомобили поставени како блокада од демонстрантите, кои се обидоа тоа да го спречат. По полноќ, полицијата нареди толпата да се растера.
„Полицијата повлече десетици автомобили од булеварот Манерхајм и приведе 55 лица. Сите уапсени се осомничени дека дале отпор на властите“, изјави високиот полициски комесар Јармо Хејнонен.
#ConvoyFinland2022
Significant protest underway in Helsinki in front of the Parlaiment building. Few trucks but many people#TruckersConvoy2022 pic.twitter.com/adOFAaLqoO— Noman Dates (@nuuska) February 4, 2022