Инцидент на жолтиот тепих

Познатата пејачка и актерка Аријана Гранде доживеа застрашувачка ситуација за време на премиерата на филмот „Wicked: For Good“, која се одржа денес на 13 ноември 2025 година во Сингапур.

Додека Гранде се движеше по жолтиот тепих, непознат маж скокна преку бариерата и физички ја нападна. Инцидентот се случил на влезот во студиото, а на видеата објавени на интернет се гледа како мажот ненадејно се приближува кон пејачката, ја фаќа за рака и ги притиска градите кон неа додека таа се обидува да се оддалечи.

Брза реакција од обезбедувањето и колешките

Обезбедувањето реагирало веднаш, но помошта пристигнала и од колешката и пријателка Синтија Ериво, која моментално го забележала нападот.

„Инстинктивно скокнав меѓу нив и со извици се обидов да го блокирам нападот,“ изјави Ериво.

По инцидентот, Гранде била поддржана и од другата колешка, Мишел Јео, која била видно потресена. Пејачката, иако продолжила со настанот, кратко коментирала дека е „добро“, но „потресена“.

Идентификуван напаѓач и контекст

Напаѓачот е идентификуван како Џонсон Вен, познат како „Човекот со пижами“, кој претходно бил мета на критики поради слични инциденти со други познати личности.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за безбедноста на јавните личности, особено имајќи предвид дека Аријана Гранде претходно зборувала за своите борби со анксиозност и посттрауматски стрес по терористичкиот напад во Манчестер во 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Complex Pop (@complexpop)