Генералот Павле Арсоски, носител на листата на ЗНАМ во третата изборна единица гостуваше утрово на Радио Лидер.
Генералот исклучува секаква можна соработка со СДСМ.
Движењето ЗНАМ, „За наша Македонија“ е една уникатна партија произлезена од граѓански здруженија. Моравме да оформиме политички субјект, а би сакале да функционираме како движење. Во овој црно сив свет ние сме дефинитивно една боја и една искра надеж за да може да гласаат граѓаните за нешто што е поразлично и нешто што ветува дека работите може да тргнат поинаку, вели Арсоски.
Тој ја исклучува можната соработка со СДСМ.
Во однос на вашето прашање „дали ЗНАМ би коалицирало со СДСМ“ неколку пати беше искажан ставот, а јас ќе го повторам. Не доаѓа предвид ЗНАМ да коалицира со ова раководство на СДСМ. Никаква коалиција, никаква соработка, не може да имаме со ова раководство на СДСМ. Ги гледате листите на СДСМ? Тоа не се пратеници, туку листа за носители на функционери кои вршеле криминал, тоа се луѓе кои треба да бидат пред органите на прогонот.
Тој го опиша и изборниот ден и вели дека донел очекувани резултати.
Денот на изборите беше таков што донесе една предвидлива работа. Донесе убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова. Друго позитивно нешто беше резултатот на Максим Димитриевски. Се друго беше во рамките на очекуваното, како на пример поразот на Стево Пендаровски. Ние со Димитриевски го победивме Стево Пендаровски во неколку општини и тоа за нас е успех, заклучува Арсоски.