Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ изјави дека секоја година АД Славија има приходи од 50 милиони денари, односно суми до 80 илјади евра месечно.
Целиот имот на АД Славија , уште еднаш да повториме, со се атрактивни земјишта и имоти чини над 20 милиони евра. Со овие документи кои денеска ќе ги изнесам за јавноста и медиумите, ќе ги демантирам СДСМ во неколку наврати, во обидот да се извлечат од овој криминален процес во најава со нивни прес конференции. Ова е документ официјален од Централниот регистар, каде што се гледаат годишните приходи и текови на парите на АД Славија. Ова е листинг од обработена годишна сметка од Централен регистар на АД Славија. Секоја година, АД Славија има приходи од работењето на самата компанија од околу 50 милиони денари. Тоа се околу 70-80.000 евра месечно приходи зависно од месец кои што легнуваат на контото на АД Славија, изјави Арсовски.
Според нашите информации во моментов на сметката на АД Славија има околу 6 милиони денари или 100.000 евра, што значи новиот купец кој што би ја купил за 218.000 евра Славија доколку не се одложи како што апелираме, би си добил и пари на сметка кога ќе ја купи фирмата и акциите и практично може да му се за фати за 100.000 евра да купи таква компанија бидејќи нели ќе му се вратат овие 100.000 евра на сметка, Сакам уште еднаш јавно да им порачам, да се повлечат од продажбата на АД Славија која што ја подготвуваат на ваков срамен начин, изјави Арсовски.
Претходно по објавените информации на опозицијата во врска со обвинувањата прес конференција одржа и директорот на Сгенцијата за управување со одземен имот. Фатон Асани. Тој деманираше дека вредноста на АД Славија е 20 милиони евра, туку многу под тоа, а причината според него е тоа што токму владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2012 до 2017 ја распродаде „Славија“ на парче.
Во меѓувреме сопственик на акции во АД Славија од Основниот граѓански суд Скопје, одел за трговски спорови бара итно стопирање на продажбата на акциите на ова претпријатие.