Кризниот данок кој што го воведува Зоран Заев за горивата и СДСМ од 4,13 денари директно им задира во џебот на граѓаните, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лично Зоран Заев со своите наметнати давачки од почетокот на мандатот, до сега, давачките за литар гориво ги им зголемено за 14 денари по литар. Повторно ќе потенцирам, едно семејство со овие наметнати давачки за литар гориво директно од СДСМ месечно ако троши еден резервоар од 40 тина литра во својот автомобил, давачките се покачени во просек за 600 денари по семејство. Македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, само за да го покријат задолжувањето и непродуктивните трошоци на оваа влада, а само во последната година бензините се кренаа од 50 денари по литар на 71.5 денари, а дизелот од 46 денари по литар на 63 денари и за сето ова лично е виновна владата, СДСМ и Зоран Заев. Ова треба да ги покрие непродуктивните трошења на СДСМ и целиот грабеж. Овој ценовен шок кој ни го приредуваат од власта ќе ги покачи сите давачки во превозниот сектор, вели Арсовски.

Тој додава дека транспортерите ќе бараат реално покачување на картите за патниот превоз и покачување на тарифите. Но, ќе се покачат и останатите давачки од транспортниот сектор.

-Да бидеме реални, радиодифузната такса чинеше 190 денари која што ја укина Зоран Заев, а на сметка на тоа ги зголеми давачките за литар гориво за 14 денари изминатите години или во просек им наметна нови давачки на едно просечно семејство односно 600 денари секој месец. Кажав и претходно, ќе кажам уште еднаш, ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира ова на секој можен начин. Во Собранието, користејќи ги сите демократски начини и алатки. Ова не смее да помине. Не смее да се наметне уште еден трошок на граѓаните, вели Аросвски.