Европскиот шампион ПСЖ славеше со 2:0 против Ливерпул во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Вчера во Париз имаше само еден тим, ПСЖ и вистинско чудо е како на овој натпревар „црвените“ примија само два гола. Парижани, особено во второто полувреме, имаа најмалку уште три чисти шанси за трет погодок.

Домашните поведоа со еден убав гол на Дуе во 11. минута, додека голот број два стигна во 65. минута кога Кваратсхелија се прошета во шеснаесетникот на Мамардашвили и на празен гол погоди за 2:0.

Атлетико (М) триумфира со 2:0 на гостувањето кај Барселона во вториот вчерашен дуел од четвертфиналето. Каталонците имаа игра, се обидуваа да креираат шанси за гол, но дојде моментот од 44. минута кога Кубарси како последен фудбалер во одбраната го собори Симеоне, а судијата по асистенција на ВАР му покажа директен црвен картон.

Од слободниот удар Алварез го донесе гостинскиот тим до водство од 0:1.

Во вториот дел Барса и со играч помалку притискаше, но не успеа да го совлада Мусо, иако имаше неколку одлични шанси за гол. Казната стигна во 70. минута кога Серлот по едно одлично уфрлување ја смести толката во мрежата на домашните за конечни 0:2.