Во интервју за Топ Телма, првиот човек на Стопанската Комора во Македонија Бранко Азески вели дека Владата ќе мора да прогласи енергетска криза.
Не може оваа работа да помине без прогласување енергетска криза во државата за полесно да ги носи решенијата со кои ќе се справува во моментот кога ќе тргне зголемената потрошувачка со промена на временските услови и со резервите што ги имаме.
Азески вели дека Стопанската комора е во дослух со владата, но веќе разгелдува неколку сценарија.
Веројатно ќе дојде до здружување на компаниите и купување енергија за 2022 година за цела година по фиксна цена, која ќе ја платиме авансно и на аков начин ќе ги обезбедиме количините за цела година.