Бали е погоден од силни поплави што за само два дена одзедоа најмалку девет животи и предизвикаа хаос во сообраќајот и секојдневниот живот на овој туристички остров. Официјалните служби потврдија дека се трага по уште две лица.

Обилните врнежи што започнаа во вторник вечерта и траеја до среда предизвикаа надојдени води кои го парализираа главниот град Денпасар.

За време на поплавите на индонезискиот туристички остров Бали, забележано е уривање на зграда, при што загинаа најмалку шест лица, а улиците беа целосно поплавени.

Портпаролот Абдул Мухари соопшти дека дополнителни четири жртви се регистрирани во регионите Џембрана, Џијар и Бадунг. „Сè уште имаме двајца исчезнати за кои продолжува потрагата“, изјави тој.

Покрај загубите во човечки животи, водата блокираше главни патишта, оштети дел од инфраструктурата и го наруши функционирањето на прометните туристички зони.