Тој во интервјуто за „Република“ вели дека жали што се уништија и сите вредности што ги имаше Чаир.

– Животот во Чаир е отежнат. Од Чаир гледаме и слушаме само жални вести а соживотот е донесен до нетрпение, признава Сали.

Сали нема дилеми со што прво ќе се зафати кога ќе дојде на чело на општината а тоа е средување на урбанистичкиот хаос кој владее.

– Се планира нов урбанистички план. Ќе имаме меѓународен повик за ангажирање на архитектонски компании кои се занимаваат со решенија на населени места. Треба да направиме нов урбанистички план-планира кандидатот за градоначалник, вели тој.

Оценувајќи ја работата на досегашниот градоначалник Ганиу, Сали проценува дека тој нема реализирано ни два проценти од тоа што го ветуваше.

– Граѓаните се чуствуваат изманипулирани, деградирани.Тоа пред се се однесува на сообраќајот.Имаше ветено катни гаражи но тие не се ни предвдени според ДУП.Се ветуваа и градинки и училишта, детска клиника, но не е мрднато ни со прст, набројува Сали.

Како најголемо ветување на досегашната власт во општината го набројува запирањето на сите дивоградби.

– Но, денеска сме сведоци дека урбаната мафија во Чаир цути, вели Сали.

Тој како особено значајна ја означува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за овие избори.

– За сите избори но особено за локалните секоја поддршка е значајна. Добредојдена е секоја поддршка затоа што локалните избори е можност да се направи нешто за местото каде што живееме а не за големи политички проекти. Една од точките ќе биде да заживее уште едаш соживотот кој го имало во Чаир. Горд сум што живеам во Чаир, имаме една мултиетничка заедница и ова единствената општина каде живеат сите етнички групи, вели Сали.

Тој има само пофални зборови и за кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска која ќе биде поддржана од нивната коалција.

– Имав можнст да ја запознаам, и таа е одлична по карактер, го сака Скопје, многу е искрена и професионална.Мислам дека ќе бидеме одлична екипа да направиме и нов Чаир и ново Скопје, се надева Сали.

Тој нема дилеми дека она што ги зближило со ВМРО-ДПМНЕ е борбата против корупцијата. Чаир е една од општините каде корупцијата цвета-убеден е Сали.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески