Белгиец кој со чамец пловеше по Вардар стана интернет сензација

Белгиски државјанин, кој подолго време живее во Македонија и редовно споделува содржини за своето искуство и секојдневието во Скопје на Инстаграм и Јутјуб, повторно го привлече вниманието на јавноста.

Пловење низ главниот град

Во своето најново видео, тој е прикажан како со гумен чамец плови по реката Вардар. Снимката за кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи. На видеото има повеќе од 6.000 допаѓања на Инстаграм во само неколку дена.

Погледнете го видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ‘SQM’ (@therealsqm)

Реакции со доза на хумор

Под објавата, многу корисници од Македонија оставија духовити коментари, шегувајќи се дека „станал радиоактивен“ или дека постои ризик да „закачи некоја бактерија“.